
Со надеж дека ќе ужива со парите што ќе му ги плати осигурителната компанија поради повреда на работното место, Александар Голдински, градежен работник од Њу Џерси, по подот во кафетеријата истури коцки мраз, потоа лежеше чекајќи некој да го најде. Неговата намера беше неговите колеги и осигурителната компанија да поверуваат дека тој паднал и се повредил.
Сепак, 57-годишникот го издаде еден многу важен детаљ – дека во неговата компанија се поставени камери, кои, меѓу другото, го забележале и неговиот „пад“.
Кога надзорните снимки дојдоа во рацете на осигурителната компанија, 57-годишникот беше уапсен и ќе оди на суд со обвинение за обид за измама.