
Помладите генерации честопати се на цел на критики од постарите поради некултурното однесување во транспортот, а понекогаш критиките се потполно на место.
За жал, често се случува „сè да помине без казна”, но не и еден тинејџер кој се возел во метрото во Њујорк.
Тој зафатил три места за седење, кревајќи ги нозете на седиштето, и притоа не го подигнал погледот од екранот на неговиот телефон. Тој одби да ги спушти нозете и да им ослободи место на тројцата луѓе кои сакаа да седнат. На еден господин му здодеа од неговото однесување, па реши да направи необичен потег. Тој едноставно седна на нозете на момчето, објави една девојка по име Изабел на Твитер, сведочејќи за ситуацијата.