Боксерот Кубрат Пулев се најде на цел на критики откако на социјалните мрежи се појави видеото на кое страсно ја бакнува новинарката за време на интервјуто што го даде по борбата.
Бугарот кој требаше да се бори против Ентониј Џош во октомври 2017. година, но не можеше поради повреда, во седмата рунда го совлада Богдан Дину, иако во четвртата рудна се здоби со сериозна лузна над неговото око.
Новинаркатат Џени Суше во интервјуто му поставуваше прашања за борбата против Дину, но и за можната средба со Тајсон Фјури. Таа се смееше, а на нејзиното лице можеше да се види дека и е непријатно.
Пулев, иако е наводно, во врска со бугарската поп-ѕвезда Андреа ниту малку не покажа дека му е непријатно поради она што го направи.
Погледнете:
-Ова е најодвратната работа која сум ја видел – напиша еден корисник на социјалните мрежи.