Еден патник на московскиот аеродром чекаше ред да влезе во авионот за Севастопол, целосно гол.
Не само што ги привлече сите погледи на патниците, туку така како од мајка роден, застана во редот и инсистираше да влезе во авионот. Полицијата мораше да реагира и да задржи упорниот 38-годишен московец. По разговорот со полицијата, човекот легна на подот, а потоа е пренесен во болница.