Пијан човек се обиде да влезе во трамвај: Остана заглавен, а потоа за малку ќе настрадаше!
30 април, 20190
Во Шефилд во Белика Британија, пијан човек падна близу до трамвајот во обид да се качи и за влакно избегна сериозна повреда или дури и смрт.
На видеото може да се види како човекот се обидува да ја отвори вратата на трамвајот, но безуспешно.
Возилото во тој момент се движеше, а раката на пијаниот човек остана заглавена, поради што трамвајот го одвлече.
По неколку метри, човекот ја извади раката и падна во дупка во близина на станицата, но од сето ова чудо излезе без повреди.
Се чини дека Бог навистина ги чува пијаните и будалите, како што вели изреката.