Провокативноста е дел од имиџот на Ријана, па нејзините фанови воопшто нема да се изненадат од нејзината нова корица на списанието „V“. На насловната страница,27-годишната музичка ѕвезда позира топлес. Русата перика, силната шминка и забележително потемниот тен ја прават Ријана тешко препознатлива. За фотосесијата со ретро вибрации бил ангажиран модниот фотограф Стивен Клајн.












