Кучето кое што исчезна во Њујорк е пронајдено во Флорида! Приказната за неговото исчезнување ќе ве расплаче

27 ноември, 20180
Capture

Неговото семејство доживеало несреќа…

Сопствениците на хаската која исчезна во Бруклин пред 18 месеци имаат добри вести – нивното куче е пронајдено речиси 1800 километри подалеку, во Флорида.

Синатра, кафеаво-бела хаска, била пронајдена во Сефнер, град во Флорида, а ја пронашла Роуз Верил, 13-годишно девојче. Таа успеа да ги најде сопствениците преку социјални мрежи.

Најпрво, со помош на чипот се обидувала да го пронајде сопственикот, но во бројот кој го добила недостасувала една цифра. Затоа, во потрага по информации, фотографиите од хаската ги објавила на социјалните мрежи.

Најпосле го пронашла Вилис Лесмор и стапила во контакт со него. Вилис потврдил дека ова е негово куче. Тие успеале да го идентификуваат со помош на повредата на десната шепа. Наскоро ја открија и трагичната приказна за семејството Вилис. Всушност, Синатра била подарок за роденденот на ќерката на Вилис, Зајон. Само два дена откако го добила кучето, Зајон настрадала во  инцидент со пиштол во куќата на еден пријател.

– „Постоеше голема врска помеѓу неа и кучето. Обожаваше да го шета до продавница. Љубовта беше очигледна. Кога исчезна и кучето, се чувствував како да изгубив уште еден дел од неа “, рече таткото.

Сега Синатра ќе биде повторно со своето семејство.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *