Сите очи беа упатени кон неа: Набрзо по неа дојде ПОЛИЦИЈА, а на венчавката направи нешто многу лошо
За фотографкара Кетрин Ли (26) од Тексас денес зборува целиот свет, но не поради нејзиниот занает, туку поради скандалот што го предизвика на свадбата каде што беше ангажирана како фотограф.
Фотографката се појави да работи на закажаната свадба, но наместо да ги слика гостите и младенците, таа имаше секс со еден гостин, а потоа уринираше по дрвото и после сето тоа ѝ се закануваше на полицијата.
Всушност, според медиумите, Кетрин прво ја затекнале насред секс со еден гостин. Кога ја замолиле да го напушти објектот, Кетрин почнала да пцуе и да вика, така што едно лице од обезбедувањето ја информирало полицијата за сè што се случувало на венчавката.
Сепак, тоа не ја спречило Кетрин да продолжи да вика. Револтирана, објавија медиумите, стоеше покрај дрвото и уринираше.
Забележавме дека мирисаше на алкохол, а во јакната најдовме лекови за смирување. Таа беше уапсена и притворена откако ги нападна полицајците и им се закануваше – велат полициските извори.
Кетрин не даде изјава за нејзиниот случај, но нејзината сестра, тврди дека во целата приказна всушност Кетрин е жртвата, на која наводно двајца мажи на свадбата и ставиле опојни средсва во пијалокот, а потоа ја силувале.