Крокодили и змии ги преплавија улиците! После рекордните горештини, Австралија ја погоди катастрофална поплава

popara5 февруари, 20191min00
avstralija

Делови од Австралија, по рекордните горештини, ги погодија катастрофални поплави, поради што над 20.000 луѓе мораше да бидат евакуирани.

CNN известува дека на улиците се забележани крокодили и змии, а метеоролозите најавуваат дека ќе врне дожд и во следните денови.

Градот Таунсвил во Квинсленд е речиси целосно потопен, жителите останаа без електрична енергија, а многу од поплавените се засолнија на покривите на куќите.

– Ова се случува еднаш во 100 години – објави премиерката на Квинсленд, Анастасија Палашчук.

Спасувачките служби користат чамци и хеликоптери, а до сега се спасени 1100 лица од своите домови во текот на ноќта, објави AP.