
Лизи, куче на царинската служба, на јужноафриканскиот аеродром во Јоханесбург, пронајде огромна количина рогови од носорог во вредност од 1,7 милиони долари, објави агенцијата.
Лизи ги надушка 36-те рогови со тежина од 116 килограми, скриени во кутии со декоративни предмети спакувани за испорака во Дубаи во Обединетите Арапски Емирати, објавија јужноафричките власти.
Се верува дека ова е едно од најголемите запленувања во изминатите неколку години.
Трговијата со рогови од носорог е забранета веќе десетина години, но е исклучително профитабилна и побарувачката за нив расте во Азија, каде што им се припишуваат афродизијачките својства, па купувачите на црниот пазар плаќаат десетици илјади долари за килограм.