Овој човек за прв пат после 13 години го отвори прашањето за милион фунти: Дали вие го знаете одговорот?

5 март, 20190
milioner

По 13 години во британската верзија на квизот „Дали сакате да бидете милионер?” е отворено прашањето за милион фунти.

Иако не стана милионер, 36-годишниот професор по англиски јазик Џон Робинсон од Бирмингем, дома замина со половина милион фунти, одговарајќи на точно 14 прашања.

– Каков играч, каков одличен играч – доби пофалби од популарниот водител Џереми Кларксон кога тој го отвори прашањето за милион фунти.

– Кој од британските премиери никогаш не бил министер за надворешни работи? – гласеше прашањето, а понудените одговори беа Winston Churchill, Alec Douglas-Home, Anthony Eden и Harold Macmillan.

Тачниот одговор е Winston Churchill, но 36-годишниот професор тоа не го знаеше, па се откажа на последното прашање и се задоволи со половина милион фунти.

Добро е што тоа го направи, бидејќи неговиот одговор ќе беше Anthony Eden.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi