Премногу е грда за да ја силуваат: Судот во Италија ги ослободил злосторниците само поради изгледот на жртвата!

12 март, 20190
grda

Стотици луѓе се собраа да протестираат против оваа срамна судска одлука во градот Анкона.

Двајца мажи во Италија беа ослободени од обвиненијата за силување, бидејќи судиите заклучиле дека жртвата била „премногу мажествена и непривлечна“ за обвининенијата да бидат вистинити.

Момчињата (22) се ослободени од обвинението во 2017. година, но дури сега е откриена причината за јавноста, по поднесената жалба.

Судиите заклучиле дека мажите сметаат дека жртвата е непривлечна, па дури и во телефоните ја запишале со прекарот „викинг“, поради нејзината специфична градба на тело.

Стотици луѓе се собраа да протестираат против оваа срамна судска одлука во градот Анкона.

Жртвата тврди дека едниот маж ја силувал додека другиот чувал стража, откако и ставиле опивно средство во пијалокот. Лекарите потврдиле дека имало траги од силување, а во крвта било пронајдено и средството.

Судиите, сепак, поради нејзиниот изглед, заклучиле дека измислила сè и ги ослободиле мажите.

Случајот сега повторно ќе се отвори, а точниот датум сè уште е непознат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *