Путин со години се обидува да го негува „мачо имиџот“ .
Владимир Путин, претседателот на Русија, доживеа срам на прославата на Меѓународниот ден на жената.
Имено, Путин јаваше во придружба на полицајки на парадата, а во еден момент коњот престана да го слуша и почна да се движи наназад, наместо напред.
Ова се случи за време на посетата на местото каде што беше спроведена полициска обука во Москва. Путин потоа на полицијата и го поклони коњот наречен Златен воздух.
Путин со години се обидува да го негува „мачо имиџот“, и често го фотографираа во природа и со животни.
Погледнете: