Мажите не сакаат вакви жени. Како што покажа истражувањето чии резултати беа објавени во научното списание „Еволуција и човечко однесување“, храбрите жени не се привлечни за мажите!
Научниците сметаат дека причината за ова е скриена во еволуцијата, т.е. во навика мажите да се чувствуваат како посилен пол. Во студијата, спроведена од Универзитетот во Саутемптон, учествувале 159 жени и 181 маж од повеќе европски земји. На сите учесници им беа прикажани фотографии од луѓе од двата пола направени додека прават работи за кои е потребна храброст: војување, помагање на други за време на природни катастрофи и слично.
Така, беше утврдено дека жените кои се на воена служба и дамите воопшто се подготвени да ризикуваат заради другите не се привлечни за мажите, без оглед на нивниот изглед.