Тест на потсвеста: Дали во врската сте верни како куче или изневерувате на секој чекор?

popara2 февруари, 20231min00
1675243005821-opticka-iluzija-02-830x0

Се верува дека тенденцијата за изневерување е скриена длабоко во потсвеста, но дека сепак е лесно да се „прочита“

Никој не влегува во емотивна врска со намера да ја изневери „другата половина“, но исто така не ретко изневерувањето е причината за раскинување.

Дали ќе ја изневерите саканата личност или не, зависи од вашето гледање на љубовта, но и од околностите.

Овој бесплатен тест на потсвеста е дизајниран да ви помогне да откриете дали ќе изневерувате во врските, пишува „Yourtango“.

Имено, се верува дека тенденцијата за изневерување се крие длабоко во потсвеста и дека лесно се „чита“ со избирање на еден симбол на илустрацијата на почетокот на текстот.

Добро погледнете ја и запомнете што прво ви го привлече вниманието, бидејќи токму зад тој симбол се крие одговорот дали во врската ќе бидете верни како куче или ќе изневерите штом имате прилика за тоа.

Ако прво ги забележавте птиците…

За вас верноста е високо на листата на приоритети не само во љубовта, туку и во пријателството. Вие сте многу лојални, но исто така имате тенденција да верувате во судбината.

Ако ви се чини дека сте судбински поврзани со личност која штотуку ја запознавте, а веќе сте во друга емотивна врска, нема сомнеж дека некој дефинитивно ќе излезе повреден од тој триаголник. Личноста со која сте во врска ќе биде оставена, бидејќи нема да ја пропуштите шансата да реализирате филмска љубовна приказна со вашиот „суден“ партнер.

Понекогаш овие приказни имаат среќен крај, а понекогаш немаат, но вие сте подготвени да ризикувате по секоја цена.

Ако прво го видовте дрвото…

Помеѓу зборовите „љубов“ и „лојалност“ ставате знак за еднаквост. Но, тоа не е секогаш добро за вас. Подготвени сте да молчите и да страдате предолго, па дури и да останете во лоша врска или брак само затоа што сте си ветиле дека ќе ги издржите сите „бури и олуи“ заради среќна иднина.

Да останете во врска која не ве исполнува не е мудар избор. Не плашете се да раскинете, па дури и да флертувате со луѓе што ви се допаѓаат набргу по раскинувањето – никој нема да го сфати тоа како лоша работа.

Да останете во врска која не ве исполнува не е мудар избор. Не плашете се да раскинете, па дури и да флертувате со луѓе што ви се допаѓаат набргу по раскинувањето – никој нема да го сфати тоа како лоша работа.

Ако прво ги видовте колибите…

Лојалноста не е вашата силна страна, но се трудите да не дозволите „другата половина“ да дознае. Исто така, не очајувате дури ни кога саканата личност ќе ве „фати“ во измама; секогаш имате некаков контрааргумент, иако сте свесни дека не сте во право.

Невозможно е да се очекува напредок на врската ако двајцата партнери не вложуваат еднакви напори. Затоа психолозите советуваат на почетокот на емотивната врска партнерите отворено да си кажат што очекуваат и кои се „црвените линии“ кои нема да ги преминат. Во повеќето случаи, оваа „црвена линија“ е измама.

Ако прво го видевте слонот…

Веројатно ви се случило барем еднаш да се впуштите во паралелна емотивна врска или да изневерите некој близок, а потоа длабоко да зажалите. Без оглед на возбудата што сте ја почувствувале во времето на измамата, не сакате повторно да го повторите тој тип на искуство.

Свесни сте како изневерувањето може да го оштети квалитетот на емотивната врска и подготвени сте да разговарате за тоа со другите за да не ја повторат вашата грешка.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag