Кремљ денес објавил неколку новогодишни пораки пратени до шефови на држави и меѓународни организации како што се Олимпискиот комитет и ФИФА. Рускиот претседател Владимир Путин во новогодишната честитка до американскиот претседател Барак Обама, порачал дека Москва и Вашингтон ја делат одговорноста за мир во светот, но и дека нивните билатерални односи треба да бидат рамноправни. […]












