Парискиот музеј Лувр ја „зацементира“ својата позиција како најпосетуван музеј во светот со рекордни 8,8 милиони посетители за минатата година. Музејот забележал пораст на посетите за 5% од тригодишната бројка која се движеше околу 8,5 милиони посетители годишно. Од Лувр, изјавиле дека најбројни биле американските посетители, но имало и голем број посетители од други земји. […]












