Украинскиот боксер Владимир Кличко го победи Британецот Дејвид Хеј со одлука на судиите (117:109, 118:108, 116:110)обединувајќи ги титулите во Имтех Арената пред речиси 55.000 гледачи во Хамбург. Кличко до ВБА појасот (веќе ги има ИБФ, ИБО и ВБО титулите) дојде на основа на поени, бидејќи во рингот не беше толку доминантен колку што се очекуваше. […]












