Во последно време, често слушаме дека некој е зависник од секс. Како и обично, и овој тренд започна со познатите „фацки“ како Тајгер Вудс, Џеси Џејмс, Дејвид Духовни, и Мајкл Даглас, а листата продолжува и понатаму. Но нема сомневање дека вистински секс зависници со клиничка дијагноза хиперсексуалност навистина постојат. Некои психијатри тврдат дека зависноста од секс е како и секоја друга зависност -вистинските секс зависници го користат сексот за да се чувствуваат моќно, за да избегаат од емоционалната болка или да скријат многу подлабоки проблеми. […]