На 26 април, 1986 година, пред 25 години се случи експлозија на реакторот во нукеларната централа во Чернобил, тогашна Украина ССР. Светот ќе ја памети како една од најголемите нукеларани катастрофи кои се случија, со последици до ден денес.
Триесет лица биле уапсени во Лондон поради сомневање дека планираат да предизвикаат проблеми и нарушување на ред и мир, за време на настанот на венчавката на Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, објави лондонската полиција. Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон се венчаваат денес пред околу 2000 гости, за кое целиот свет говори дека е “венчавка на […]
Жена од New Prague, Minnesota е обвинета за испраќање на заканучавки пораки кон потпредседателот САД, Joe Biden и неколку федерални агенти, објавено на официјалниот сајт на Федералното биро за истраги(FBI). Федералниот суд во Minneapolis вратил во процес обвинение во кое е оптужена жена на возраст од 47 години поради закани за убиство на потпредседателот на […]
Британскиот принц Вилијам (28)денеска ќе го каже судбоносното “да“. Тој својата идна сопруга Кејт Мидлтон (29), трпеливо ќе ја чека 45 минути, а во Вестминстерската опатија, заедно со својот брат Хари, кој му е и кум, ќе пристигне точно во 10.15 часот. Кејт нема да се појави таму се до 11 часот, кога е закажана и […]
Кина никогаш нема да им дозволи на Соединетите Американски Држави да диктираат политички реформи и било каков притисок за човековите права и преговорите за такви прашања ќе бидат однапред осудени на пропаст, пишува “Бета“, пренесува НетПрес. Овој став произлегува после вториот ден од редовниот годишен кинеско- американски дијалог за човековите права, кој оваа година се […]
Во торнадата и бурите во Алабама загинаа најмалку 61 лице, а вкупниот број на загинати од последиците од невремето, вклучувајќи ги и поплавите во изминатите денови, во јужно американските држави, се искачи на 77. “Можам да потврдам дека најмалку 45 смртни случаи се поврзани со денешното невреме во Алабама“, изјавила портпаролката на агенцијата за управување […]
Пронајдени се остатоците од едната црна кутија, од вкупно две, од авионот Ербас А330 на авионската компанија Air France, што во 2009 година се сруши недалеку од бразилското крајбрежје, соопштиле вчера истражувачите. Остатоците од црната кутија се пронајдени без важниот дел кој содржи информации за летот. “При првото нуркање на подморскиот робот Реморе 6000, што […]
Властите во САД им препорачаа на американските компании да почнат да купуваат нафта, гас и нафтени деривати од либиските бунтовници, објави “Асошиејтед Прес“, пренесува Нетпрес. Одлуката ја донела службата за контрола на странските активи, при министерството зафинансии на САД. Мерката означува дека бунтовниците, претставувани преку Преодниот национален совет во Бенгази, ќе можат да реализираат приходи […]
Финската компанија Нокиа соопштила дека ќе скрати 4.000 работни места ширум светот до наредната година, во рамки на напорите на компанијата да ги намали трошоците. Најголемиот светски произведувач на мобилни телефони наведува дека отпуштањето на вработени ќе биде најголемо во Данска, Финска и Велика Британија. Нокиа истовремено повикала илјада вработени во повеќе фински градови на […]
Првиот нацистички логор на смртта Аушвиц, бил отворен на денешен ден, на 27 Април 1940 година, по наредба на началникот на нацистичката полицијата Хајнрих Химлер. Подолу на сликата означено со црвени точки се бројот на убиени луѓе во нацистичките логори низ Европа за време на Втората Светска војна(изразена во илјадници).
Индискиот духовен гуру Шри Сатја Саи Баба денеска беше погребан во храмот во јужно индсикиот град Путапартиј, а стотици илјади следбеници дојдоа да му одадат последна почит на човекот кои тие го сметаа за жив Бог на Земјата. На погребот присустуваа огромен број државници, свештеници од Тибет, муслимански свештеници, а погребот беше емитуван и на […]
Премиерот на Русија Владимир Путин застана во заштита на лидерот на Либија, Моамер Гадафи. Путин изјави дека ниту една земја во светот нема санкција за ликвидација на полковникот, објавува РИА “Новости“, пренесува Нетпрес. “Велеа: ’Не сакаме да го убиеме Гадафи’. Сега некои официјални лица велат: ’Да, се стремиме да го уништиме Гадафи’. А кој одлучил […]
Во главниот град на Либија, Триполи одекнале силни екплозии при што загинале три лица, а 45 се повредени. Во експлозијата уништена е зграда во воениот комплекс. По овој инцидент либиската влада ги обвинила силите на НАТО за обид за убиство на Гадафи. – Како на ваков начин ги бранат цивилите- ова е обид за убиство […]