Најголемиот лебдечки меур од сапуница го направил американецот Џером Вотс во Линколн Центарот во САД, на 21 февруари 2009 година. Меурот имал волумен од 13,67 m³ и е направен со помош на две стапчиња поврзани со коноп на врвовите.
Најдолгиот поминат пат носејќи маса со заби е 11.80 метри, и бил постигнат од страна на Жорж Кристен од Луксембург, кој ја поминал оваа далечина држејќи маса тешка 12 килограми со своите заби, додека на масата седела девојка која тежела 50 килограми. Рекордот го соборил во Мадрид, Шпанија, на 9 февруари 2008 година.
Елејн Дејвидсон од Бразил е жената која има најмногу пирсинзи на своето тело. Вкупниот број изнесува 6925. За Елејн може да се каже дека е зависник од болка, но Дејвидсон вели дека всушност не го сака толку пирсингот, во моментот целта и била да биде само подобра од конкуренцијата. “Јас не уживаам толку во пирсингот, […]
Рекордот за најтешкиот предмет(меч) проголтан од голтач на мечови го држи Томас Блектхорн од Велика Британија. Тој успеал да голтне чекан за уривање Dewalt D25980 со тежина 38kg кој бил вклучен и успеал да го држи малку повеќе од 3 секунди. Рекордот го соборил на 23 ноември 2007 годинана во Келн, Германија.
Пејачката и писателка Синди Џексон успеала да влезе во Гинисовата книга на рекорди како човек кој досега имал направено најмногу пластични операции на своето тело. Таа во Гинис влегла во 2000 година и тој рекорд се уште е официјален и ден денес. Синди од 1988 година па се до денес има направено 61 пластична операција. […]
На 15 март во Марко Поло хотелот во Хонг Конг, Кина била претставена најголемата рагби топка во светот. Топката поставила нов гинисов рекорд а нејзините димензии изнесувале 4,709 m должина и 2,95 метри висина. Најголемата рагби топка била направен од страна на компанијата Cathay Pacific Airways Limited. Материјалот за изработка е ист како и кај […]
Колин Фруз, го направил најдолгиот мотор во светот, кој е долг дури 22 метри и има 25 седишта. Колин поминал еден месец составувајќи го моторот со 25 седишта, во градината на неговата мајка. “Кога го завршив, мислев дека никогаш нема да проработи и дека ќе биде невозможно да се одржи справен во мала брзина. Но, […]
Франсиско Доминго Жоаким влезе во Гинисовата книга на рекорди поради неверојатниот „распон“ на устата. Двесет-годишното момче од Самбизанга може да ја развлече устата цели 17 сантиметри! “Сонот ми се оствари”, гордо изјавил Франсиско. Во една минута тој успева 14 пати во устата да стави и да извади една лименка „кока-кола“. Со неговата вилица тој може […]
Акшат Саксена од северна Индија, има една година и веќе влезе во Гинисовата книга на рекорди како личност со најмногу прсти, дури 34. Аксат има по седум прсти на рацете и по десет на нозете, а неговата состојба е позната како полидактија, генетично нарушување. -Бев многу среќна кога добивме бебе, тој е нашето прво дете. […]
Брајан Берг на возраст од седумнаесет години го соборил светскиот Гинисов рекорд за највисоката кула во светот, изработена од карти. За овој проект му биле потребни 4.051 шпила од карти, кулата тежи 272 килограми, а голема е 30 метри квадратни. Берг е целосно самоук во сите техники што ги користи, а за кулите кои ги […]
Запознајте ја Норма Стиз… Нејзиното вистинско име е Ени Хокинс – Тарнер (52) од Атланта, Џорџија. Во 1999 година, Гинисовата книга на рекорди ја прогласила Норма за жената со најголемите природни гради во светот, која воедно е и сопственик на најголмиот градник во светот. Нејзините гради тежат 56 килограми, големината на нејзиниот градник е 48V, […]
Најдолгата змија во светот, запишана во Гинисовата книга на рекорди е питонот од врстата Python reticulatus кој бил долг 7,5 метри, тежок 135 килограми и стар 18 години. Тој живеел во зоолошката градина Колумбус од 2007 – 2010 година. Во извештајот на зоолошката градина ијавиле дека питонот починал од тумор. Овој вид питони се најдолг […]
Целта на секој уметник е неговото дело да остане запаметено. А како најдобро би останале запаметени? Секако, доколку вашето име биде запишано во Гинисовата книга на рекорди. Марк Ентин и Пол Кретиен од американската фирма Ice Bulb се погрижија да бидат запаметени во историјата откако ја направија најголемата ледена фигура на светот. Најголемата ледена фигура […]