Лидерот на Обединети за Македонија Љубе Бошкоски ноќта ја мина на распит кај истражен судија. Уапсен е под обвинение за наводно незаконско финансирање на предизборната кампања. Неговите приврзаници протестираа пред судот, а истражниот судија доцна синоќа му одреди 30 дневен притвор. Бошкоски со силно полициско обезбедување беше пренесен во судот во истражниот затвор во Шутка. […]












