Поминаа четири години откако куќата Glossier лансираше еден од своите најпродавани производи Boy Brow, кој се продава на секои 32 секунди. Сега пристигна и неговата совршена верзија, Brow Flick. Тоа е течен молив-ајлајнер кој може да се исцртуваат тенки линии кои личат на влакна и ги прават веѓите подебели и поприродни. Водоотпорен е и совршено прецизен.












