Принцот Алберт ll од Монако и јужноафриканската олимписка пливачка Шарлен Витсток кои во петокот го потпишаа граѓанскиот брак, се венчаа вчера попладне во Монако и на верска церемонија пред околу 800 гости. Судбоносното “да” пред Бога е крунисано со прстен од 18-каратно злато и платина. Невестата носела венчаница дизајнирана од Џорџо Армани и долг превез. […]












