Актерот Брус Вилис боледува од фронтотемпорална деменција, која му предизвикува проблеми со говорот и меморијата, како и разни промени во чувствата и однесувањето. Неговата дијагноза со јавноста беше споделена на почетокот на годинава, а сопругата Ема Хеминг Вилис овојпат во емотивно интервју проговори за борбата низ која минуваат како семејство, пишува „Дејли мејл“. […]












