Педесет и едно годишен маж ја уби својата ќерка и шест внуци во масовна пукотница во својот дом на Флорида, соопштуваат тамошните медиуми. По убиството на семејството, мажот идентификуван како 51-годишен Дон Чарлс Спирит сам си пресудил. Инцидентот се случил во малиот град Бел. Причината за убиството се уште не е позната.












