Италијанскиот премиер Силвио Берлускони е најбогатиот италијански политичар, утврдeно е врз основа на данокот што тој го пријавил за 2010 година, што е јавно објавен денес во Италија. Како што соопштува агенцијата “Франс прес“, Берлускони за 2010 година пријавил приходи од вкупно 40.89 милиони евра, додека неговата заработка од минатата година била 23.5 милиони евра. […]












