Во Република Киргизија еден планински врв е наречен по името на Путин. Планинскиот врв кој е висок 4.446 метри на планината Тајн Шан е наречен Путин. Името на планинскиот врв било усвоено во Собранието.
Синојка ракетата Ариајна Пет тргна на пат кон вселената, по 24 часовно каснење. Натоварена со кислород, храна, облека, резервни делови, гориво и научни материјали за екипажот на Меѓународната вселенска станица. Ракетата ќе патува осум дена до МВС и ќе движи со помош на соларна енергија. Ракетата тежи 20 тони, заедно со товарот, а долга е […]
Комитетот за заштита на новинари, со седиште во САД, денеска изрази голема загриженост за американската новинарка Лара Логан, од телевизијата СИ-БИ-ЕС, откако таа минатата недела беше физички нападната и сексуално злоставувана во Каиро од каде ги пренесувала демонстрациите кои моментно се случуваат. Таа и нејзината телевизиска екипа, биле нападнати од страна на 200 демонстранти и […]
Протестите кои секојдневно се случуваат низ Северна Африка и Средниот Исток, поради корупција, сиромаштија и дикататорски режим ги полнат дневните весници во светот, преставени низ една фотографија.
Американските медиуми веќе отворија расправа за тоа што ќе се разговара на самитот во Вашингтон на кој САД ги повика сите свои амбасадори во земјите ширум светот, нешто што никогаш во минатото не се случило, се вели во соопштенијата до американските медиуми. Една од Интернет страните известува дека се очекува амбасадорите од скоро 260 американски […]
Основачот на интернет страницата Викиликс, Џулијан Асанж деновиве ќе почне со судскиот процес против екстрадирање во Шведска, каде што го чекаат обвинувања за сексуален напад врз две жени, јавува Би-Би-Си. Адвокатскиот тим на Асанж, воден од Џефри Робертсон, ќе се бори против екстрадација на Асанж во Шведска, бидејќи ако тоа се случи, тој најверојатно ќе […]
Банката “Креди Агрикол“ проценува дека политичката криза Египет го чини околу 130 милиони долари дневно, пренесува Бета. Во Египет банките и берзата не работат повеќе од една недела а ист е случајот и со повеќето фабрики. Десетина илјади туристи ја напуштија земјата и се вратија во своите домови како резултат на протестите. Нередите доведоа и […]
Три сумо борачи денеска признаа дека правеле местења не некои мечеви во Јапонија, а скандалот се очекува да порасне во голем, јави Гардијан. Тоа е секако национален спорт, изјавил премиерот на Јапонија Наото Кан, и доколку натпреварите биле местени, тоа би било сериозно предавство на народот. Полицијата ги пронашла инкриминирачките смс пораки во телфоните на […]
Светските цени на храната достигнаа рекордно висока вредност во јануари, годинава, соопшти Светската програма за храна и земјоделство на Обединетите Нации (ОН), објавува Ројтерс, пренесува Нетпрес. Ценовните показатели го преминаа претходното рекордно ниво од 2008 година, кога цените на храната беа највисоки и предизвикаа масовни протести низ светот. Според ОН, веројатно е индексот да продолжи […]
Норвешкиот пратеник, Снор Вален ја предложи интернет страницата Викиликс за годинешнава Нобелова награда за мир бидејќи смета дека тој сајт ја поддржува транспарентноста во светот, јавуваат светските агенции. “Викиликс придонесе за промоцијата на човековите права откривајќи корупција, воени злосторства и тортура“, оценува Вален. По објавувањето на доверливи документи за војните во Ирак и Авганистан, Викиликс […]
Протестите во Египет стануваат се понасилни. Се поголем број на анти владините демонстранти се појавуваат на улиците за Хосни Мубарак да поднесе оставка. Досега над 100 лица починаа во демонстрациите, а над 3.000 апсења се направени.
Научници од Британија измислиле вештачко гориво, на база на водород и јаглерод. При тоа се користи енергија на гасот со неговото согорување. Првиот човек на проектот, професор Стефан Бенингтон кажал дека водородот има три пати поголема енергија од обичното гориво. Тој потврдил дека тие пронашле начин на складирање на водородот во тенки топчиња, за да […]
Корисниците на интернет имаа можност до вчера да гласаат за најлоша светска компанија за изминатата година од шест номинирани на сајтот Publiceyes.ch. Наградата “Public Eye Award“ (Окото на јавноста) ќе биде доделена денеска на прес конференција во хотелот “Монтана” во Давос, објави во своето електронско издание францускиот весник “Монд”, пренесува Нетпрес. Наградата, основана во 2000 […]