Селекторот на нашата фудбалска репрезентација Мирсад Јонуз по претпладневниот тренинг го соопшти списокот на играчи со кој ќе го започне вечерашниот натпревар со Република Ирска на „Националната арена Филип Втори“. На голот на нашата репрезентација ќе биде Мартин Богатинов, во одбраната на бековската позиција се Шиков и Попов, а како централни дефанзивци Новески и Грнчаров. […]












